Семејство видри фотографирани во Охридското езеро

Семејство видри вечерва затекнати во близина на градскиот кеј во Охридското езеро.

 

Фотографиите се направени на потегот кај хотел Палас. Очевидци воодушевено.раскажуваат за преубавата глетка  Четири видри се движеле од Палас кон Студенчишта.

Видрите отсекогаш ги има во Охридското езеро. Во минатото ги имало во многу поголем број. Се сретнувале во Трпејца, Горица и Канео. Денес има неколку семејства кои живеат во каналот Студенчишта.

За видрите во Охридското езеро нема пишани извештаи. Во минатото ги ловеле поради вредното крзно, денес се заштитени, велат од Хидробиолошкиот институт.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани