Шаховска олимпијада за слепи и визуелно хендикепирани лица во Охрид

15-та Шаховска олимпијада за слепи и визуелно хендикепирани лица, ќе се одржи во Охрид од 18-ти до 29-ти овој месец.

Ова е најголем ваков шаховски настан одржан во Македонија на кои ќе настапат пет македонски шахисти.Тие, од десетти јуни ќе бидат на финални подготовки во Охрид. На оваа врвна шаховска средба, ќе учествуваат 30 репрезентации со околу 300 шахисти од светот кои ќе се натпреваруваат во девет шаховски натпреварувачки кола.

Според пропозициите, шаховските партии ќе се играат во временски интервал од два часа за 40 потези, плус 60 минути до крајот на партијата. Судиската двојка на Шаховска олимпијада за слепи и визуелно хендикепирани лица ја сочинуваат Иван Кочовски како главен судија и неговиот помошник Сашко Лакински.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани