Митрески: Ни целото богатство на светот не можеше да го спаси Кирил

Ни целото богатство на светот неможеше да го спаси малиот Кирил, детето херој, кое пред два дена почина во Истанбул.

Малиот Кирил Митрески на кого од бебе му беше дијагностициран малиген тумор на левата хемисфера од големиот мозок почина и не успеа да се избори со тешката болест, раскажува за Фокус, Горан Митрески, татко на малото дете. Кирил почина во болницата во Истанбул, каде што замина на лекување, но 18-месечното бебе не успеа да се справи со опаката болест. Неговиот татко тврди дека Фондот за здравство ги платил трошоците и добиле помош од сите хумани луѓе.

 – За патешествието што го помина нашето дете може книга да се напише. Цел свет ни помогна, се обративме во повеќе од 15 светски болници, сите исто ни потврдија. Правевме анализи на туморот во светски призната лабораторија за да се најдат гени на туморот, како би се третирал со имунотерапија. Меѓутоа, не најдоа никакви гени кои можат да се таргетираат. Д-р Стергиос Захарулис од Лондон, ми објасни дека туморот не е генетски наследен, туку е грешка на делба на клетка (една единствена клетка). Која се дели по грешка (тие го нарекуваат делба на несреќен случај). И, од тука тргнува се. Туморот почнал да мутира и да создава нови мали тумори кои се различни од претходните. Терапија за вакви тумори нема. И нема да има во следните 15-20 години. Тие се екстремно ретки – раскажува за „Фокус“ Митрески. Тој тврди, дека тие како родители направиле се за него, но едноставно и целото богатство на светов не можело да го спаси. – Сета енергија во светов е насочена на војни и конфликти…, а нема лек за вакви болести. Поддршка за сите кои се борат со оваа болест, сите тумори се различни и различно реагираат на дадена терапија. Нема правила…- додава разочараниот татко. Малиот Кирил денеска го транспортираат од Истанбул преку Скопје до Охрид, каде што ќе биде извршен и погребот.

 
 
 
 
Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани