Трагичен настан во струшко

56 годишен жител на струшкото село Корошишта го загубил животот берејќи дрва.

Според полициското соопштение, на 20.05.2017 година околу 12.00 часот во с.Корошишта, струшко, на м.в. „Лак“, Р.К. (56) од с.Џепин, струшко, додека собирал дрва бил пристинат од едно дрво по што починал на местото.  Смрт без траги на насилство констатирал лекар од Медицински центар Струга. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на ПС Струга, а по Наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на семејството за погреб.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани