Граѓанската иницијатива „Македонија пред се“ на ден 06.05.2018 г. (недела) на градскиот плоштад во Охрид во 12:00 часот ќе го организира шестиот по ред од серијата народни протестни собири против злоупотребата на државните институции од страна на власта а на штета на македонскиот народ и држава.
Ние како граѓанска иницијатива бараме:
–Неменување на уставното име на Република Македонија со цел влез во НАТО и ЕУ
-Повлекување на насилно донесениот закон за јазици
-Поништување на таканаречениот договор за добрососедство со Бугарија
-Ослободување на сите притворени и осудени поради настаните во собранието на 27.04.2017
Понатаму сакаме да потенцираме дека граѓанската иницијатива „Македонија пред се“ се противи на „безалтернативноста“ наречена „Евроатлански интеграции“, т.н. опција која упорно не уценува и ни го разорува националното ткиво.Особено не сега кога новите светски геополитички промени ни отвораат една нова и реална перспектива а тоа е соработка со Русија,Кина и Евроазиската унија која е во подем и нуди недвосмислена соработка на рамноправни основи и со взаемно почитување а кои не се условени со никакви понижувачки уцени.
Исто така сакаме да ја истакнеме нашата благодарност и поддршка на председателот Ѓорѓе Иванов за неговата одлука да не го потпише насилно донесениот закон за јазици.
Затоа ве повикуваме сите,без оглед на вашата партиска припадност и идеолошка определба, да дојдете и заедно да кажеме едно големо НЕ на уцените и обидите за уништување на нашиот народ и држава, повикуваат од „Македонија пред се“.
