Адвокатот денеска даде воведен говор за Љубен и Бетмен.
Во Кривичниот суд воведен говор на судењето за случајот “Крвавиот четврток”, односно насилстото што се случи на 27 април 2017 година во Собранието, даде адвокатот Донче Наков кој ги застапува обвинетите Љубен Арнаудов, Владо Јовановски, Богдан Илиевски и Абдулфета Аљими.
-Арнаудов е гинеколог, со над 15.000 породувања, односно има импозантна кариера од 37 години. Пратеник избран со големо мнозинство и голем успех во Охрид. И после таква кариера, доктор кој спасувал животи, наеднаш формира умисла за терористички акт, рече адвокатот Наков.
За Богдан Илиевски-Бетмен пак истакна дека е архитект од семејство на правници.
– Илиевски е архитект, по вокација колумнист, но никако насилник. Во иницијативниот одбор на “За заедничка Македонија”, не дозволил 65 дена да не се случи ниту еден инцидент, рече Наков.
