Ракометниот клуб „Охрид“, се засили за уште седум млади играчи.
Наум Костов, Николче Ристески, Мартин Иваноски, Кристијан Димитриески, Јован Трајкоски и Михаил Иваноски се ракометарите којшто потпишаа четиригодишни договори со клубот. Сите тие доаѓаат од младинската екипа на клубот.
-Сакам да им честитам на седумте ракометари кои потпишаа четиригодишни договори и да им посакам многу среќа оваа сезона и следните кои престојат. Нив им останува да се фокусираат во тренирањето и играњето ракомет, а ние продолжуваме по зацртаниот пат кој го ветивме. Сениорската екипа ја формиравме со домашни играчи и две странски засилувања кои ни беа неопходни. – изјави Горан Недески.
Подготовките на ракометарите за претстојната сезона течат според планот, а предвидено е во наредниот период да одиграат и неколку контролни натпревари.

