Шумската полиција заплени возило и нежигирано огревно дрво

Шумската полиција заплени возило и нежигирано огревно дрво.

На 13.10.2024 во 17.30 часот на шумски пат во атарот на струшкото село Присовјани, полициски службеници од ОВР Струга пронајдоа товарно возило „мерцедес“ без регистарски таблици натоварено со околу осум метри просторно, нежигирано огревно дрво. Возилото и дрвото се одземени и предадени на Шумската полиција од Струга за натамошна постапка. По целосно расчистување на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани