Скопјанец бесправно градел во Струга

Скопјанецот и неговата фирма добија кривична.

ОВР Струга, до надлежното Основно јавно обвинителство поднесе кривична пријава против М.С.(38) од Скопје и против правното лице „Блуинвест“ со седиште во Струга, за сторенo казнено дело „бесправно градење“.
Пријавениот, вели портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, „во својство на управител на фирмата и инвеститор, во текот на минатата година, на локација во струшкото село Мислешево, без соодветно одобрение за таква градба, започнала со изградба на објект за домување. По извршениот инспекциски надзор, донесено е решение со кое, на инвеститорот му се наложува, да се прекине со изградбата и во определен рок да го усогласи објектот според претходно издаденото одобрение“.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани