Вистински професионалец за кражби од коли, деновиве е фатен во Охрид.
30 годишниот Д.Д. од Скопје направил „растур“ во повеќе коли паркирани кај Заливот на коските и кај комплексот „Св.Наум“. Одземал многу пари и вредни предмети. Охридските полицајци го фатиле и за сторените кражби го наградиле со кривична пријава п оради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „тешка каражба“.
Пријавениот, казнените дела го извршил во текот на март и април оваа година, во туристичкиот комплекс „Св.Наум“ и на паркинг простор кај комплексот „Музеј на вода“ во близина на Заливот на коските, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
-Пријавениот, користејќи подесен алат но и физичка сила, ги отворал вратите и прозорците од патничките моторни возила сопственост на македонски и странци државјани. Притоа одземал пари, лап-топ компјутери, харддискови, усб стикови, видео камери, облека, обувки, сувенири, спортска опрема, мобилни телефони и кредитни картички, изјави портпаролот Димоски. Додава дека за сторените дела пријавениот се стекнал со против правна имотна корист која дополнително ќе се утврди.