Скопјанец излетал од патот кај охридскиот аеродром

Скопјанец излетал од патот кај охридскиот аеродром.

На 28.01.2022 година во 06.20 часот, на магистралниот пат Охрид-Кичево, кај влезот за аеродромот во Охрид, патничко возило „Голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.К.(64) од Скопје излетал надвор од коловозот. Во несреќата, возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Увид извршија полициски екипи од СВР Охрид.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани