Скопјани „шиткале“ фалс карти за „Грин Бич“ во Охрид

Двајца скопјани шиткале фалсификувани карти за фестивалот „Грин Бич“ во Охрид. Тие заработиле некој денар ама и кривична пријава од охридската полиција.

Според соопштението од Канцеларијата за односи со јавноста во СВР Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „фалсификување исправа“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Т.М. (25) и А.Ч.(28), двајцата од Скопје.

Стефан Димоски портпарол на СВР Охрид вели дека во текот на јули оваа година, пријавените набавиле фалсификувани-лажни влезни карти за фестивалот „Грин Бич“ кој требало да се одржи на плажата „Парк“ во Охрид.

-На 28 јули, иако знаеле дека не се вистинити, двајцата пријавени свесно ги пуштиле влезните карти во оптек и вршеле нивна продажба со поединечна цена од 1000,оо денари. Истиот ден, околу 22 часот и 20 минути пред почетокот на фестивалот, од организаторот и одговорните лица, при обид за влез, со службените читачи на бар кодови и холограми биле констатирани вкупно 20 лажни односно фалсификувани влезни карти, изјави портпаролот Димоски.
По преземени мерки, СВР Охрид ги идентификува можните сторители а потоа изврши претрес во „Извиднички Центар“ Охрид каде пријавените биле привремено сместени. Притоа, пронајдена е една фалсификувана-лажна влезна карта за истиот фестивал

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани