Шестото издание на манифестацијата “Охридска софра“, ќе се одржи во сабота во Скребатно.
И овој пат на посетителите ќе им биде презентирана традиционалната охридска храна, вкусното ѓомлезе и други етнолошки вредности, карактеристични за охридскиот крај.Сите заинтересирани на ѓомлезијадата,кои сакаат да учествуваат, можат да се пријават во Секторот за ТЛЕР во Општина Охрид, најдоцна до 31 август. За граѓаните кои сакаат да учествуваат на манифестацијата, Општина Охрид има обезбедено превоз со автобус, кој тргнува од пред скалестата зграда на булевар „Туристичка“ на 1 септември во 9:45 часот.„Охридска софра“ има натпреварувачки карактер а наградниот фонд е 20.000 денари за трите најдобри ѓомлезиња. Наградата за првонаграденото ѓомлезе е 10.000 денари, за второнаграденото 7.000 денари, а за третонаграденото 3.000 денари.
