Сликање мурали – „Да ги овековечиме вредностите“

Општина Охрид преку Програмата за култура започна да го реализира проектот –„Да ги овековечиме вредностите“. Целта на проектот е сликање мурали на истакнати охридски дејци, кои оставиле трага во охридската и македонската  меморија.

Согласно предвидениот буџет, проектот започна со цртање на  ликот на Григор С. Прличев – симболот на македонската гордост, истрајност и  непокор, поетот кој  со своите вонвременски дела Сердарот и Скендербег ја извиши Македонија во врвот на светската литературра,  покажувајќи и докажувајќи  дека за пишаниот збор нема граници.

Муралот е нацртан на западниот ѕид на НУ Библиотека Григор Прличев во непосредна близина на НУЦК Григор Прличев – двете институции кои го носат неговото име.

Муралот е дело на академскиот уметник Горан Ристоски.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани