Случајот со родилката од Дебар, која при породување во струшката болница остана без три органи, се враќа во судница. Апелациониот суд ја потврди затворската казна за првообвинетиот гинекологот Мухамед Асани, додека за двајцата други обвинети, неговиот син Блертон Асани и Лилјана Јовановска. кои беа ослободени од вина предметот е вратен на повторно судење.
-„Според моето искуство повторувањето на судењето не треба да трае долго она со повторената постпка бидејки во основа е се напрванео во првото судење.По правило се отстрануваат недостатоците од првата пресуда доколку ги има и се постапува по напатствијата на Апелациониот суд да го препровери или уште еднаш да го изведе како доказ“, вели Сашо Јанев адвокат на оштетената.
Родилката од Дебар ќе бара и отштета, затоа што при царскиот рез поради лекарска грешка и беа отстранети матката, јајникот и бубрегот.
„Ние најавивме оштетно побарување. Да се приклучуваме на кривичниот прогон а нашето оштетно побарување ќе го остваруваме во граѓанска постапка. Тоа е стандардна постапка за надомест на штета која што најчесто следи по изрекување на осудителна пресуда, вели Јанев.
Гинекологот Мухамед Асани правосилно е осуден на три години затвор, за тешки дела против здравјето на луѓето., но доби и забрана за вршење лекарска дејност во траење од пет години.
Новинар Соња Рилковска
