31-годишен жител на струшкото село Радолишта бил лишен од слобода откако полицијата утврдила дека управувал возило со активна забрана за Б категорија.
Според информациите од полицијата, на 15.02.2026 година во 17:32 часот, на магистралниот пат Струга – Ќафасан, полициски службеници од ОВР Струга го лишиле од слобода Е.Д. (31).
При сообраќајна контрола бил запрен патнички автомобил „фолксваген голф“ со струшки регистарски ознаки, кој го управувал Е.Д., при што било констатирано дека имал активна забрана за управување со моторно возило од Б категорија.
По насоки на јавен обвинител, возилото е одземено, а по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
