Со „Вевчанско лето 2026“ годинава се одбележуваат три децении локална самоуправа

Со богата културно-уметничка програма, Општина Вевчани ова лето ќе одбележи значаен јубилеј – 30 години од своето постоење. Во рамки на манифестацијата „Вевчанско лето 2026“, во текот на јули и август, Вевчани ќе биде домаќин на бројни културни, музички, литературни, ликовни, спортски и забавни настани.

Свеченото отворање на манифестацијата е закажано за 1 јули, кога официјално ќе започне овогодинешното издание на „Вевчанско лето“.

Градоначалникот на Вевчани, Спасе Кочовски, истакна дека годинашната програма има посебно значење бидејќи се одбележуваат три децении локална самоуправа.

„Три децении заедно ја градиме приказната на Вевчани – општина со богата традиција, препознатлива култура и неисцрпна енергија. Со особена чест и гордост ве покануваме заедно да го одбележиме јубилејот 30 години Општина Вевчани преку богатата културно-уметничка програма на ‘Вевчанско лето 2026’“, порача Кочовски.

Годинава, како новина, за првпат ќе се одржи и „Фестивалот на зурлата и тапанот“, посветен на македонската изворна музичка традиција и богатото културно наследство, во организација на Здружението „Оркестар со зурли и тапани“ од Вевчани.

Организаторите најавуваат два месеци исполнети со бројни настани, врвни уметници и содржини кои ќе ја слават традицијата, културата и духот на Вевчани.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани