Општина Дебрца продолжува со инфраструктурни зафати во Мешеишта

Општина Дебрца продолжува со реализација на инфраструктурни проекти во населените места. Денеска во селото Мешеишта беше асфалтирана уште една улица, со што жителите добија подобри услови за секојдневно функционирање и трајно решение за патната инфраструктура.

Паралелно со асфалтирањето, општината дала поддршка и за изградбата на новата Св Јонска Куќа, проект што жителите на Мешеишта го реализираат со сопствени средства и личен ангажман.

Градоначалникот на Дебрца, Златко Сиљаноски, информира дека општината обезбедила механизација, цевки и потребен материјал, а целосно бил изведен и приклучокот на објектот кон канализацискиот систем.

„Како што најавивме, денеска асфалтираме уште една улица во Мешеишта. Но, пред да го поставиме асфалтот, завршивме уште една многу важна работа. Општината се вклучи и даде свој придонес за новата Св Јонска Куќа. Секогаш сме тука да ги поддржиме добрите и заеднички иницијативи“, истакна Сиљаноски.

Од локалната самоуправа потенцираат дека и во наредниот период ќе продолжат со инвестиции во сите населени места, со цел рамномерен развој и подобар квалитет на живот за граѓаните.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани