Сообраќајка на „Јане Сандански“

Сообраќајка, за среќа полесна се случи пред малку на булеварот „Јане Сандански“ во Охрид.

Лесна сообраќајка се случи пред малку на пресекот на булеварот „Јане Сандански“ со улицата „Галичица“ во Охрид. За среќа нема повредени а причинета е материјална штета. Во оваа собраќајка биле две возила-мини бус на „Галеб“ и автомобил. Според првичните впечатоци, најверојатно автомобилот излегувал од „Галичица“ и сакал да се вклучи на „Јане Сандански“. Возачите пријавиле во полиција и беа во очекување на полициската служба за увид. Пресекот на „Јане Сандански“ со „Галичица“ но и со останатите странични улици, е доста опасен и непрегледен а дополнителна мака и непегледост создаваат и странично паркираните возила.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани