Во Струга магла, во Охрид сонце

Во Струга денес магловито во Охрид ведро и сончево.

Намалена видливост од 50 до 100 метри поради магла има околу Струга, Струмица, Неготино и Демир Капија. Слаб дожд има во Дебар.

Сообраќајот во земјата се одвива по суви коловози, а на повисоките и осојничави места се бележат наместа влажни коловози.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани