Советниците ќе носат одлука за спроведување на урбанистичките планови

Закажана четириесет и четвртата седница на Советот на општина Охрид.

Советниците ќе расправаат по шест предлог одлуки. 
Предлог- одлука за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу општина Охрид и општина Центар- Скопје.
Предлог- одлука за давање на времено користење на недвижен имот- градежно земјиште кое е Градежна парцела 1.2 од ДУП УЗ 13 УБ 13.1, на ЈП „Билјанини Извори“ Охрид.
Предлог- одлука за прифаќање на иницијативата за размена на градежно земјиште.
Предлог- одлука за измена и дополнување на одлуката за начин на спроведување на постојните урбанистички планови и урбанистичко плански документаци како и за времен прекин на постапки за утврдување правен статус на бесправно изградени обејкти, бр. 08-3172/3 од 18.03.2020 година.
Предлог-измени и дополнувања на развојната програма за изработка на урбанистички планови на територијата наопштина Охрид 2020-2022.
Предлог- одлука за давање согласност на текстот на Aнекс договор на договорот за ЈПП солемизиран кај Нотар Васил Кузманоски под ОДУ.бр.694/15 за поделба на недвижноста.

Седницата е закажана за  29.06.2020 година ( понеделник ) со почеток во 11.00 часот.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани