Советниците од ВМРО ДПМНЕ од општина Вевчани ги вратија советничките мандати и нема да учествуваат во работата на советот.
-Како претставници на советничката група на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата за Подобра Македонија во Општина Вевчани, сакаме да ја известиме јавноста дека денес на ден 02.12.2017 година. Во знак на револт и протест од начинот на владеење на оваа гарнитура предводена од СДСМ, како и последните политички хајки кои што ги спроведуваат врз невини граѓани, а се однесуваат на настаните од 27, со што не враќаат назад во 70 години, во времето на Информбирото. Во знак на солидарност со сите жртви на овој тоталитарен режим, денес како советници поднесуваме неодповикливи оставки и ги враќаме мандатите кои што ги добивме од граѓаните на Општина Вевчани, рече Јовица Лешоски советник од ВМРО ДПМНЕ.
Вевчанските советници се првите кои се откажуваат од привилегиите и надоместоците во знак, како што велатм на револтот од политиките апсења, реваншизам и прогон. Одлука на партијата е сите предложени советници на ВМРО ДПМНЕ да не учесвуваат во работата на Советот.
Вевчанскиот совет брои девет пратеници, од кои четворицата од ВМРО ДПМНЕ поднесоа оставка.