Спречена огнена стихија, пожарникарите апелираат на одговорно однесување

Голем пожар на отворен простор вчера попладне избувна во населбата „Гоце Делчев“ – Бараки во Охрид, при што беше опожарена деградирана шума и сува трева.

Во гаснењето интервенираше Територијалната противпожарна единица Охрид со четири противпожарни возила и 17 пожарникари.

Поради силниот ветер постоеше реална опасност огнената стихија да се прошири кон блиските станбени објекти, но благодарение на брзата интервенција на пожарникарите, како и на помошта од локалното население и доброволците, пожарот беше ставен под контрола и беа спречени поголеми материјални штети.

Од ТППЕ Охрид апелираат до граѓаните да се однесуваат совесно и одговорно при престој во природа, а до надлежните институции бараат да преземат мерки за откривање и санкционирање на сторителите на пожарите.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани