Градоначалникот на Дебрца го прими почесниот конзул на Македонија во Перт

Градоначалникот на Општина Дебрца во општинските простории оствари средба со почесниот конзул на Македонија во Перт, Австралија, Зоран Ќосески.

На средбата се разговарало за улогата на македонската дијаспора и нејзиниот придонес во развојот на татковината, како и за можностите за понатамошна соработка. Од Општина Дебрца истакнуваат дека Ќосески со години ја покажува својата поддршка за општината преку хуманитарни активности и донации, меѓу кои и за учениците од ООУ „Дебрца“ и за локалната самоуправа.

Градоначалникот му изразил искрена благодарност за неговата посветеност, континуираната поддршка и заложбите за зачувување на македонскиот идентитет и зајакнување на врските со иселениците.

Од Општина Дебрца порачаа дека остануваат посветени на негувањето на добрата соработка со македонската дијаспора и реализацијата на идни заеднички проекти, истакнувајќи дека вратите на општината секогаш ќе бидат отворени за пријателите и поддржувачите на Дебрца.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани