Во организација на Црвениот крст Охрид, во соработка со Институтот за трансфузиона медицина, успешно беше реализирана Регионалната летна крводарителска акција, на која беа собрани 97 крвни единици.
Во акцијата учествуваа крводарители од Охрид, Струга, Битола, Прилеп, Кичево, Демир Хисар и Ресен. Особено значајно е што 11 лица за првпат даруваа крв и се приклучија на крводарителското семејство.
Од Црвениот крст Охрид упатија благодарност до сите крводарители, волонтери, Институтот за трансфузиона медицина, како и до општинските организации, институциите, компаниите и медиумите кои придонеле за успешната реализација на акцијата.
„Вашата хуманост значи надеж, живот и нова шанса за оние на кои крвта им е најпотребна“, порачаа од Црвениот крст, упатувајќи апел до граѓаните и понатаму да даруваат крв и да спасуваат животи.





