Пријавен физички напад врз семејство во Велешта

Во полициското одделение во струшкото село Велешта синоќа во 20:10 часот било пријавено нарушување на јавниот ред и мир со физички напад.

Според пријавата, во селото Велешта, О.В. физички ги нападнал П.В.(63) и други членови на неговото семејство, меѓу кои и едно малолетно лице. По целосното документирање на случајот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани