Тројца државјани на Босна и Херцеговина се лишени од слобода откако полицијата ги осомничи за сторено кривично дело „кражба“.
Како што информира СВР Охрид, на 14 јули во 16:10 часот, на улицата „Партизанска“ во Охрид, приведени се Е.Б.(22), В.О.(19) и П.О.(22), сите од Босна и Херцеговина. По целосното расчистување на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.