Националниот парк „Галичица“ ја информира јавноста дека, според информациите со кои располага, денеска туристи забележале мечка во реонот над селото Горно Коњско.
Од паркот апелираат до жителите, посетителите, планинарите и сите лица кои престојуваат или извршуваат активности во овој реон да бидат особено внимателни и да се придржуваат кон препораките за безбедно движење во природа.
Воедно, од Националниот парк ги повикуваат граѓаните кои се во контакт со локалното население или со лица кои престојуваат и работат во ова подрачје да ја пренесат информацијата, со цел навремена претпазливост и зголемена безбедност.
