ЈЗУ Општа болница Охрид доби нова донација со која беа обезбедени телевизори за болничките соби на Одделенијата за Педијатрија, Геријатрија и Гинекологија и Акушерство.
Од болницата информираат дека донацијата е наменета за подобрување на условите за престој на пациентите, особено на најмалите, повозрасните лица и мајките кои се на лекување или се породиле. Телевизорите ќе придонесат деновите поминати во болница да бидат попријатни и полесни за пациентите и нивните семејства.
Од ЈЗУ Општа болница Охрид упатија искрена благодарност до донаторите, истакнувајќи дека ваквите донации придонесуваат за создавање подобри и похумани услови за лекување.
