На магистралниот пат Струга–Дебар, во близина на Струга, вчера во 18:45 часот полицијата го приведе 22-годишниот Г.А. од Скопје, кој под дејство на алкохол го нарушувал јавниот ред и мир со викање и непристојно однесување.
При алкотестирањето кај него биле измерени 1,62 промили алкохол во крвта. По целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.