Хаос во такси превозот во Охрид. Секоја година, во шпицот на сезона редовно одекнуваат поплаките на охриѓани за несоодветното однесување од страна на таксистите.
Голем дел од таксисти превозниците одбиваат да возат на кратки релации, или измислуваат паушални цени за да ве однесат во населбите Варош или Месокастро, Видобишта и слично. Од центар до Самоилова, ако редовна такси линија чини 70 денари, во ек сезона се бараат двесте.
-Срамота за Охрид, срамота за Мерцедес, Бел Мерцедес, Сузуки, ТАКСИ , Срамота за сите таксисти што стојат пред пошта , пред пазар, пред пристаниште Ало инспекции…. во туристички град живиме има ли некој да им каже на таксистите дека не може да ги бираат дестинациите ако се регистрирале за такси превоз ! Срамота веке цело лето одбиваат да возат за Варош, за Канео … стари луге, деца , болни , на температура од 50 степени те игнорираат и само велат ,,не возам горе,, Срамота , Ало инспекции превземајте нешто, реагираат граѓаните на социјалните мрежи.
Поплаки има и од страна на туристите, на кои таксистите им наплатуваат двојно или тројно повеќе од редовната цена. Затоа голем дел од нив избегнуваат возење со такси, користат јавен превоз односно патуваат со автобус до плажите и околните села. Поплаки има и од таксистите по вода, односно кајчарите.
Туристичките работници одамна бараат и таксистите и кајчарите да бидат униформирани, да имаат беџови со име и презиме и видно истакната цена за различните релации.
Време е инспекциските служби да излезат на терен и да преземат конкретни мерки!