Средба со Катин, утре во охридската библиотека

Во библиотеката „Григор Прличев“ ќе се одржи средба со Славе Николовски-Катин.

Утре напладне, во НУ библиотека „Григор Прличев“ предвидена е средба со Славе Николовски-Катин, новинар, публицист, истражувач и преведувач. Катин е плоден макеоднски публицист, познат по бројните публицистички, новинарски и научни трудови кои се посветени, главно на животот на Македонците во светот. Во неговиот творечки опус од четириесетина дела, посебно внимание заслужуваат книгите : „Македонците во САД и Канада“, „Македонските православни цркви во Австралија, Канада и САД“, „Македонски холокауст“, како и поголем број монографии, а познат е со неговите лексикографски изданија, како и со преводите. Добитник на голем број награди и признанија („Крсте П. Мисирков“ од Здружението на новинарите).
На предвидената средба со Катин во Прличевата одаја, поздравна реч ќе има директорката на библиотеката Гордана Змејкоска, воведничарот Милчо Јованоски а промотори ќе бидат Д-р Томе Груевски и Свето Стефаноски.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани