Среќен крај за холанѓаните изгубени на Галичица

Маж и жена синоќа се изгубиле на Галичица, нивната драма среќно завршила.

Двајца холандски туристи, вчера цел ден шетале по пределите на Галичица и во самракот сфатиле дека се изгубени и неможат да се вратат во хотелот каде биле сместени. Лутале низ планинските предели и откако ги фатил мракот успеале да се јават во охридската полиција. Незнаеле каде се наоѓаат, само барале помош. Полицајците ја информирале Планинската служба за спасување и отпочнале операција за нивно лоцирање. Потрагата отпочнала околу 20 а завршила нешто по полноќ. Мажот и жената-туристи од Холандија, биле пронајдени видно уплашени, помеѓу Пештани и Трпејца.
Како што информираат од Црвениот крст, „Оперативниот центар на ПСС веднаш ги алармирал волонтерите, стапил во контакт со изгубените. Со помош на GPS координатите од нивниот мобилен телефон, била одредена локацијата, на 1,5км југоисточно од с.Пештани, по што започнала акцијата за нивно безбедно извлекување.Поради тешко пристапниот терен и густата вегетација на тимот му биле потребни два и пол часа да стигне до лицата и уште околу два часа за нивна безбедна евакуација.Акцијата успешно завршила 30 минути по полноќ“.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани