Специјалните единици на косовската полиција – РОСУ, од изутринава спроведуваат акција на северниот дел на Косово, а српскиот претседател нареди целосна борбена готовност на Армијата, јави РТС.
Во северниот дел на Косовска Митровица се слушнале сирени и голем број на луѓе се собрале на главниот плоштад во градот. Специјални и посебни единици на МВР се во целосна подготвеност, објави РТС.
Директорот на канцеларијата на Владата на Србија за Косово и Метохија, Марко Ѓуриќ изјави за РТС дека ситуацијата е драматична, дека вооружените единици РОСУ утрово околу 6 часот ,,упаднале на северниот дел на Косово, со цел да заплашуваат и да предизвикаат паника”, а се споменува и дела имало апсења.
Косовската полиција изутринава започна акција на севернот дел на Косово за приведување осомничени за вмешаност во организиран криминал. Како што наведуваат медиумите, уапсени се неколкумина припадници на полицијата и имало пукање, но никој не бил повреден.
Според српските медиуми досега биле уапсени шестмина српски припадници на косовската полиција – тројца од Косовска Митровица, двајца во Звечан и еден од Зубин Поток.