Со пригодна церемонија во среда ќе биде отворен спасувачкиот центар на вода во Охрид.
На 10 јули во Охрид ќе се одржи пограничен настан „Градење на заедничка иднина – Creating a common future“. Целта на настанот е промовирање на резултатите на деветте проекти кои се дел од програмата IPA Cross Border Cooperation помеѓу Република Северна Македонија и Република Албанија финансирани од Европска Унија. Преку 150 учесници професионалци од областа на туризмот, невладин сектор, претставници од општините како и медиуми од двете земји ќе имаат прилика да дискутираат на теми од областа на туризмот и да се запознаат со досегашните резултати и идните активности на 9 проекти. Имаме чест да Ве поканиме да бидете и Вие учесници и да го проследите целокупниот настанот. Официјални изјави ќе бидат пред Спасувачи Центар – Црвен Крст Охрид во 11.30ч од страна на г. Самуел Жбогар – Амбасадор/Шеф на Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија, г. Луиџи Сорека Амбасадор/Шеф на Делегацијата на Европската Унија во Албанија, г. Горан Милевски – Министер за локална самоуправа во Северна Македонија, Министерот за Европска и надворешна политика на Албанија како и градоначалникот на Охрид Константин Георгиески.