Стартува јунскиот уписен рок во средните училишта

Денеска започнуваат уписите за прва година во четирите охридски средни училишта.

Согласно објавениот конкурс за јунскиот уписен рок, во четирите средни школи во Охрид има вкупно 1 190 слободни места : 271 во гимназијата „Св.Климент Охридски“, во стручното економско училиште „Св.Кирил и Методиј“ има 170 места,во економско – правната насока 136 места и 34 во здравствената струка. Според конкурсот, во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ ќе може да се запишат 442 ученици, од кои 374 ученици во 11 паралелки со настава на македонски јазик и 68 ученици во 2 паралелки со настава на албански јазик. На машинската струка има 102 места, електротехничката 238, за козметички техничар 34 и 64 за сообраќајна струка.Во ОУТУ „Ванчо Питошески“, предвидени се 306 места-на угостителско-туристичка струка се предвидени 238 места а на хемиско – технолошката струка 68. Резултатите од првиот уписен рок ќе бидат објавени во петок, 30-ти јуни. Доколку во некое училиште има повеќе пријавени кандидати од предвидената уписна квота, на 3-ти јули  ќе се реализира квалификационо тестирање, а резултатите ќе се објават следниот ден. Вториот уписен рок е 5-ти јули а објавувањето на резултатите ќе е на 6 јули. На 24 август ќе биде пријавувањето и запишувањето на учениците во августовскиот рок. Оние средни училиштата што во двата уписни рокови не ќе ги пополнат местата, ќе можат да продолжат со запишување на ученици до 31- ви август.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани