Охрид и Струга-дел од проектот “Мобилен OneStop Кариерен Центар”

Охрид и соседна Струга летово ќе бидат дел од проектот “Мобилен OneStop Кариерен Центар”.

Проектот ќе отпочне на 21-ви во Охрид а во Струга на 24-ти следниот месец а го организира Фондацијата Голдилокс Стејт во 26 општини во Република Македонија. Целта на овој проект што ќе трае 12 месеци е да се зголеми капацитетите на младите и жените и да им помогне да развијат вештини за вработување и самовработување и да придонесе за зголемување на економскиот и бизнис развојот во сите 8 плански региони во земјата.Проектот ќе им помогне на учесниците како да ги употребат своите актуелни вештини и како да ги унапредат но и да бидат мотивирани да преземат конкретни чекори за започнување или унапредување на нивните кариери.Реализацијата на проектот ќе се одвива преку локални настани на кои учесниците ќе имаат можност да дознаат информации од прва рака за конкретни индустрии, потребните вештини, како и можноста за развој во тие индустрии.Како што пишува biznisvesti.mk, oвој проект ќе се реализира со средства на Фондацијата Голдилокс и Амбасадата на САД во Македонија, во соработка со ЊуМенс Бизнис Акцелераторот и додава дека учеството може да се пријави на следниот линк: http://bit.ly/OneStopCareerCenter

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани