Повреден малолетник во тешка сообраќајна несреќа кај Требеништа.
Сообраќајката се случи утрово околу 05.30 на магистралниот пат Охрид Кичево во близина на селото Требеништа.
-„Возило во кое биле две лица од нив едно малолетно,а кое се движело од Кичево кон Охрид,изгубило контрола и излетало од патот“, вели портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски за Охриднет.ком.
Повредено е малолетното лице и поради сериозноста на повредите е пренесено на клиниките во Скопје. На лице место полицијата изврши увид.