Во согласност со определбата на Владата на Република Македонија за партнерство со граѓанското општество во процесот на креирање и спроведување политики, градоначалникот на Охрид организира дискусија за актуелни прашања од посебно значење за напредокот на Република Македонија.
Дискусијата ќе се одржи на денес – 13 септември (четврток) 2018 година со почеток во 19:00 часот, во Големата сала на Општина Охрид. На дискусијата ќе се разговара за пристапувањето на Република Македонија кон Европската Унија и НАТО алијансата, како и за претстојниот референдум кој ќе се одржи на 30 септември 2018 година, а во истата ќе учествува Градоначалникот на Општина Охрид Проф. д-р Јован Стојаноски.
