Стојче Тасески е новиот вд директор на подрачната единица на Фондот за здравствено осигурување во Охрид.
Тасески доаѓа на местото на досегашниот директор Славе Крстаноски.
Стојче Тасески иако е прилично млад, има 37 години, тој важи за амбициозен и вреден работник. Има високо образование и 17 години стаж Фондот.
Тој е добро познат и помеѓу здравствените работници и осигурениците.
Во подрачната единица за пензиско осигурување остана истиот директор Самет Ризвани од ДУИ.