ВМРО-ДПМНЕ денеска во Валандово го избира новиот партиски лидер.
Делегатите на ВМРО-ДПМНЕ денеска на вонредниот изборен конгрес што се одржува во Валандово ќе гласаат за партиски претседател, единствениот кандидат за оваа функција, Христијан Мицкоски.
Конгресот почна од вчера доцна попладне, а од 544 делегати, како што соопшти претседателката на верификационата комисија Светлана Јакимовска присутни се 411 делегати. Со оваа бројка се испoлни обрската од членот 18 од партискиот статут, според кој„конгресот може да работи ако се присутни најмалку две третини од вкупниот број делегати“, односно најмалку 363 делегати.