Изградбата на Плаошник со намалено темпо. Новата власт вети ревизија на проектот на Светиклиментовиот универзитет, која веројатно се уште е во тек.
Изминативе години изградени се само манастирскиот конак и резиденцијалниот објект на МПЦ, сите други објекти се уште се на ниво на карабина.
Завод и музеј најави ентериернпо уредување и завршување на целиот проект во 2018 година, но крајниот рок ќе се пролонгира. Засега нема официјален став дали е прекинат проектот за возобновување на Сетиклиментовиот универзитет или и натаму се гради по планот, но очигледно е бавното темпо.
Новата власт во повеќе наврати го критикуваше овој проект и најавуваше стопирање на градбата.
За Плаошник досега се потрошени околу 12 милиони евра. Целиот проект ќе чини околу триесет. Комплексот е распослан на површина од 17.000 метри квадратни и во него според проектот ќе има седум ојекти. Свети Климентовата библиотека, Музејот на Плаошник, Богословскиот факултет, Центарот за хуманистички науки, конгресниот центар, манастирскиот конак и резиденцијалниот објект на МПЦ.