Се бара кревет повеќе за да се дарува крв на денешната крводарителска акција што во организација на Црвен крст Охрид се реализира во Центарот за култура „Григор Прличев“.
Вработените во маркетите ТАМАРО, предводени од своите директори беа првите хуманисти, крводарители кои ја отворија денешната крводарителска акција….
Ги очекуваме хуманите охриѓани да го следат примерот овој пример и се приклучат на крводарителската акција…и ги покануваме на забава и дружба зачинета со дегустација на прекрасните производи од маркети ТАМАРО изложени на платото пред Центарот за култура „Григор Прличев“.
Акцијата ќе трае до 15 ч. кога и ќе бидат извлекувани награди за крводарителите.
Својата хуманост ја покажаа и членовите на Граѓанското здружение „Методи Патчев“ кои во голем број зедоа учество на крводарителската акција.