Струга бара независна експертиза за водата и од Градежниот факултет Скопје

Во услови на зголемена јавна загриженост за квалитетот на водата, вчера  во Општина Струга се одржа работна средба помеѓу градоначалникот Менди Ќура и стручен  експерт од приватната компанија која е ангажирана за анализа на состојбите.

На состанокот биле разгледани тековните состојби и методологијата според која ќе се вршат анализите, со цел прецизно да се утврди фактичката состојба на водата и функционирањето на водоснабдителниот систем.

Дополнително, Општина Струга упатила официјално барање до Градежниот факултет – Скопје, Катедра за водоснабдување, канализација и мелиорации, за нивна стручна екипа да изврши подетална и независна анализа.

Паралелно ќе се врши и проценка на евентуалната штета, со цел да се утврди обемот на состојбата и да се дефинираат соодветни системски мерки.

„Одлуките ќе се носат исклучиво врз основа на стручни наоди и официјални анализи“, информираат од Општина Струга.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани