СВР Охрид ја известува јавноста дека утре (17.02.2026 година), во периодот од 04:00 до 09:00 часот, на крајбрежјето и во водите на Охридското Езеро кај караулата во струшкото село Радожда ќе се реализира воена вежба.
Во вежбовните активности ќе учествуваат припадници на македонската и белгиската армија.
Од СВР Охрид информираат дека при извршување на активностите ќе биде употребена маневарска муниција, поради што се апелира до месното население да ги адаптира своите обврски и да биде особено внимателно при нивното извршување.
Воедно, граѓаните се повикуваат да се придржуваат кон насоките на униформираните службени лица задолжени за безбедноста на подрачјето.
