Во соседна Струга и годинава нема да има масовен дочек на градскиот плоштад, нема интерес за таква забава.
Според градоначалникот Мерко градот блеска во новогодишен сјај и ќе биде полн со туристи.
– „Сите хотели и ресторани организираат пречек не само првата и втората и третата вечер потоа ке продолжат сигурно со другите празници Божиќ и Стара Нова година така што сите тие ќе донесат позитивна атмосфера за градот и граѓаните после неколку години наназад во кои владееше негативна атмосфера“, вели Рамиз Мерко градоначалник на Струга во изјава за Охриднет.ком.
Општината најде време само за накитување на градот. Нмеаше време за организација на масовен дочек на плоштад.
-„Одлуките за дочек на Нова година се изгласаа пред неколку денови, знаете доцна беа изборите и доцна дојдовме на власт. Претходната власт не предвидела пари за таа намена. Накитувањето ан градот ќе донесе позитивна енергија“, додава Мерко.