Фатен камион со крадени дрва во струшко.
На 06.10.2020 околу 13.00 часот кај „Мороишки мост“, на регионалниот пат Струга-Дебар, полициски службеници од ОВР Струга сопреле товарно возило „Ман“ со струшки регистарски ознаки, управувано од А.М.(40) од Струга, а сопственост на фирма од Струга. При преглед на возилото било констатирано дека дрвата што ги превезувал немаат жиг, а испратницата е со поминат датум. Веднаш била известена шумската полиција во Струга а камионот бил упатен во шумското стопанство „Јабланица“. Во просториите на шумското стопанство возачот и три други лица, кои подоцна пристигнале, ги истовариле дрвата, по што возачот заминал со камионот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.