Струшкиот началник на полицијата имал две обвиненија

Министерството за внатрешни работи не ги појаснува критериумите за избор и именување на новите началници на Секторот за внатрешни работи и Единиците за внатрешни работи.

ТВ Алсат обезбеди документи што укажуваат на судска пресуда за началникот на полицијата на Струга, Дритон Ајро, осуден на две години условна казна.

Ајро е осуден затоа што во 2009 година, со други полицајци зел мито од 70 евра на граничниот премин Ќафасан. Претходно, МВР исто така поднела обвинение против него и за злоупотреба на службената должност, во два случаи, еден во 2005 година и друг во 2007 година. Во 2012 Апелациониот суд го враќа Ајро на работа. Тој беше именуван за началник на струшката полиција во декември 2019 од тогашниот министер за внатрешни, Оливер Спасовски.

Началникот на Струга, Дритон Ајро вели дека ова има политичка заднина. Тој објаснува дека за ниедна од останатите тужби нема судска одлука дека тој е виновен. За случајот на земање мито на Ќафасан, Ајро вели дека е монтиран случај за негова дискредитација.

„Апелација ја врати одлуката на Судот во Скопје на повторно разгледување и побара сведоци и докази за нашата вина. Откако не најдоа докази, не принудија да ја прифатиме условната казна за случајот “Ќафасан“, бидејќи во спротивно ќе не казнуваат со ефективен затвор. Кај сте виделе случај за земање мито, а да нема човек кој дава мито?“-рече Дритон Ајро, началник на струшката полиција во изјава за ТВ Алсат. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани