Светската здравствена организација ги објави земјите кои се најподготвени за справување со корона вирусот.
Во истражувањето на СЗО учествувале 195 земји, а заклучокот е дека здравствената безбедност е „темелно слаба“ ширум светот и дека ниедна земја не е целосно подготвена да го реши тоа.
Во извештајот се користени достапни информации за можноста на секоја земја да ги спречи, открие и реагира на здравствени кризи, со капацитет од 0 до 100, со 100 што укажува на највисоко ниво на подготвеност.
На листата „најподготвена земја“ е САД со 83,5 поени, а потоа следат Велика Британија (77.9), Холандија (75,6), Австралија (75,5) и Канада (75,3). Во оваа категорија најповолни земји се и две држави надвор од кругот на западното општество – Тајланд и Јужна Кореја.
Кина, во која изби тековната појава на вирусот корона, се најде на 51-то место со 48,2 поени.
Македонија на оваа листа од 195 земји го зазема дури 90-то место.
Од остаткот на регионот најдобро е пласирана Словенија која се наоѓа на 12 место, Хрватска на 38 место, Албанија на 39, Романија и Бугарија на 60, односно 61 место, Црна Гора на 68, БиХ на 73, додека Србија е на 41 место.
Поголемиот дел од Европа, Русија, Блискиот исток, Азија, Средна и Јужна Америка се опишуваат како „во глема мерка се подготвени“ помеѓу 66 и 34,3 поени, додека поголемиот дел „најмалку подготвени“ се земјите во Африка.
На самото дно на листата се наоѓа Северна Кореја која со 15,5 поени го зазема 193 место, Сомалија (16,6) и Еквадоријална Гвинеја (16,2), пренесе српски Телеграф.
