Стружанец со остар предмет се обидел да нападне жител на Калишта.
На 17.04.2022 година во 03,30 часот, во СВР Охрид приведен е Ј.П.(36) од Струга. Тој, претходно пред кафе бар лоциран на улицата „Владо Малески“ во Струга, физички го нападнал В.Т.(25) од струшкото село Калишта, а потоа го пресретнал на улицата „15 корпус“ каде, се обидел со остар предмет, повторно да го нападне. По целосно документирање, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира портпаолот на СВР Охрид Стефан Димоски.